ВИДЕО: Ни Ковид-19 не му може ништо - Ибрахимовиќ тренира како „ѕвер“ и покрај коронавирусот

Златан Ибрахимовиќ е позитивен на коронавирусот, а поради тоа е приморан да тренира во домашни услови.

„Ова животно не може да биде скротено“ - тоа е пораката на Ибрахимовиќ откако објавил видео од домашниот тренинг. 

Под снимката се нашле многу коментари за поддршка упатени кон фудбалерот на Милан. Златан е позитивен на Ковид-19, но не чувствува никакви симптоми.

„Коронавирусот има храброст да ме предизвика. Лоша идеја“, прокоментирал шведскиот фудбалер.

Засега нема информации до кога Ибрахимовиќ ќе отсуствува од теренот, но тој покажал дека враќањето во форма нема да биде проблем бидејќи вредно тренира. Тренерот на Милан, Стефано Пиоли нема да може да смета на него во мечот во третото коло од Серија А против Специја.

Во првите два натпревари во текот на новата сезона, Златан постигна 3 гола.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.10.2020 - 22:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега