ВИДЕО: Марадона пред 15 години кажа што сака да му пишува на надгробната плоча

Пред 15 години се случи едно од најинтересните интервјуа во светот на фудбалот. Во емисијата „Ла ноче дел 10“ гостуваше легендарниот Диего Армандо Марадона, а човекот кој ги поставуваше прашањата беше ни помалку ни повеќе, туку Диего Армандо Марадона.

Божјата рака сам себе се интервјуираше, што беше вистинска атракција во тој период.

Ова интервју е посебно бидејќи Марадона првпат зборуваше околу својата евентуална смрт, која се случи денес на 60-годишна возраст. Диего откри дека на надгробната плоча сака да му пишува „И благодарам на фудбалската топка“, за целиот успех што го доживев во блескавата кариера.

Исто така во интервјуто тој вели како би сакал да умре од природна смрт на стари години покрај своите внуци, беше желбата на Диего.

За жал, моментот да му се исполни последната желба дојде.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.11.2020 - 23:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега