(ВИДЕО) Ковачевски до Ковачки: Вие може да крадете микрофон, не може да кажете „стани Славјанка“

 

Премиерот Димитар Ковачевски кажа дека ја повикал министерката Славјанка Петровска да стане во салата за да добие поддршка, каква што вели дека никогаш не би добил пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

Откако се отвори дискусија за „стани Цаци, да те види цела сала“, Ковачевски имаше јасен одговор до Ковачки.

„Не може вие да кажете реченица од типот стани Славјанка или кој било друг, затоа што јас тоа сум го кажал. Вие може да направите нешто во стилот на вашите колеги од вашата партија, а тоа е да украдете микрофон“, вели Ковачевски.

 

ВИДЕО: 360 Степени

24.11.2022 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега