(ВИДЕО) Каевски: Мицкоски е ист како и неговиот ментор Никола Груевски

„Додека Христијан Мицкоски молчи, јавноста очекува одговори за неговата улога во сомнителниот тендер од 136 милиони евра наменети за пречистителната станица во Скопје.  Токму овој тендер беше причината за кавгата помеѓу градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и директорот на ЈП Водовод и канализација Златко Перински, двајцата кадри на Мицкоски“. Оваа порака ја испраќа пратеникот Дарко Каевски од СДСМ на днеешната прес-конференција.
 
Перински беше шеф на кабинетот на Мицкоски, а Арсовска негова кандидатка кој тој лично ја промовираше пред локалните избори.
Токму Арсовска во јавноста посочи дека Мицкоски имал повеќе информации за деталите од тендерот, нешто што тој не би смеел да го знае, имплицирајќи негова директна вмешаност во тендерот. 
 
Затоа, надлежните институции мора да го расчистат овој случај, да ги земат предвид сите аспекти и да се лоцираат одговорните, бара Каевски. 
 
„Некогашниот шпицен кандидат за премиер, Мицкоски, сега изигрува шпицен градоначалник за да се меша во тендери, за да има влијание и да остварува лични интереси и интересите на одредени бизнис групи. 
 
Тоа е уште еден доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, дека Мицкоски е ист како и неговиот ментор и претходник, Никола Груевски“, додаде Каевски. 
 

24.09.2022 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега