(ВИДЕО) Испаничиле туристите во Грција - на видео снимиле нешто слично на ајкула

 

Во близина на брегот на грчкиот град Волос, туристи снимиле нешто што наликува на ајкула во морето, а ова видео предизвика вистинска паника кај оние кои го гледале, а моментално се во оваа земја.

„Волос е блиску до полуостровот Пелион, а не е далеку ниту Скијатос, па обрнете внимание“, напиша корисник на Твитер над  видеото.

И додека некои мислат дека се работи за ајкула, други се убедени дека се работи за сабјарка.

„Ова е марлин, ова не е ајкула. Ајкулата има различни перки“, „Секое утро на Пилион гледав нешто како плива среде заливот, но не идентификував што е тоа“, „Би рекол дека е црн марлин, или сабјарка“, „Не сакам да среќавам делфин кога нуркам“, се само некои од коментарите под видеото.

31.07.2023 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега