ВИДЕО: Голема поворка возила го испрати Амди Бајрам до вечниот дом

Вчера на 64-годишна возраст во болницата „Филип Втори“ почина лидерот на Сојузот на Ромите во Македонија, Амди Бајрам.

Министерството за здравство вчера соопшти дека кај Амди Бајрам постмортем било утврдено дека бил позитивен на Ковид-19.

Погребот, како што соопшти Сојузот на Ромите, е закажан за денеска, во 14 часот во Али Пашината џамија и во 15 часот на гробиштата во Бутел.

МЗ изрази сочувтсво до семејството и апелираше погребот да се спроведе согласно протоколите, како превенција од натамошно ширење на инфекцијата од Ковид-19. 

Голема поворка возила го испрати Бајрам до вечниот дом.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.10.2020 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега