(ВИДЕО) Георгиевски: Следуваат повеќе пари за сите земјоделци

„Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство континуирано продолжува со навремената грижа и посветеност во земјоделскиот сектор. Како партија постојано вложуваме и работиме во интерес на земјоделците и нивните потреби.
Токму во таа насока е и новиот модел на субвенционирање. Новиот модел значи повеќе пари за земјоделците, насочени за стратешките култури, кои ќе поттикнат остварување на зголемен принос и подобра следливост на производството кое директно значи намалувње на сивата економија. Предложениот концепт ги опфаќа сите земјоделски гранки, пред еднакви и правични услови за добивање поддршка за развој“. Вака Гоце Георгиевски, претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ им објасни на граѓаните во врска со што е тоа што следува за земјоделците од сите сектори.
 
„Предложена е зголемување на поддршката за сточарството преку систем во кој ќе се намалат појавите на можни злоупотреби и дополнително ислатата за предадено мелко да се исплаќаат побрзо, месец за месец.
 
Новиот модел покрај субвенциите опфаќа забрзан развој преку инвестиции кои ее предмет на поддршка преку Програмата за Рурален развој. Конкретно, ќе се промовира концептот "Деловен план", насочен за поддршка на малите производители и на регистрираните земјоделци. Покрај мерките за млад земојделец, и рурална жена, се предвидува нова мерка за поддршка на бизнис план до 10.000 евра, каде се планира поддршка на помалите фармери чија основна дејност е земјоделството, за инвестиции и проширување на производството, или инвестиции за производство на расад. Како нова мерка ќе стартува и поддршката во ангажирњето на советодавни услуги, кои ќе им помогнат на земјоделците полесно да ги следат сите повици и навремено да аплицираат на нив. Предлагаме и нова  мерка за поддршка во смарт земјоделство каде ќе поддржиме инвестиции во примена на модерни ИТ технологии за автоматизирање на производството“, изјави Георгиевски.
 
„Со предлогот предвидуваме посебна програма за задруги со зголемена поддршка за земјоделските задруги, односно развој на задругите за преработки во финални производи.
Кај органското производство предлагаме како корисници на оваа мерка да бидат земјоделски стопанства кои имаат сертифициран растителен или сточарски органски производ. Предлагаме наместо процентуална исплата по хектар како до сега, да се врши исплата по произведен килограм или литар органски производ.
 
Преку формирање на осигурителен пул од државата, работиме и на системско решавање на проблемот со штетите од природни непогоди, каде ќе биде осигурано земјоделското производство“, објасни на денешната прес-конференција претседателот на ресорната Комисија на СДСМ.

24.09.2022 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа