(ВИДЕО) Генерален штрајк на администрацијата на јавните обвинителства

 

Обвинителствата низ државата денеска ќе имаат сериозни проблеми бидејќи администрацијата којашто работи во нив стапува во генерален штрајк.

Сите вработени нема да ги извршуваат своите работни обврски, поточно ќе работат само на итни предмети како што се притвор и претреси. Бараат 78% повисоки плати и враќање на додатоците на плати во висина од 35%.

Штајкот ќе се одвива, најавија надлежните, низ сите 28 обвинителства низ земјата и ќе трае се до исполнување на нивните барања.

27.09.2023 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега