ВИДЕО: Едно лице загина во торнадо во Холандија

Торнадо го погоди холандскиот крајбрежен град Зирикса, на југозападниот дел на земјата, при што загина едно лице, а десет се повредени, јавуваат агенциите.

„За жал, едно лице загина во торнадото, а првите извештаи велат дека се повредени уште 10“, соопштија властите на провинцијата Зиланд.

Додаваат дека службите за итни случаи сè уште го проценуваат влијанието од тој редок феномен.

Торнадото подигна покриви на четири куќи и предизвика рушење на фасадата на една, соопштија надлежните и посочија дека „штетите се големи на неколку улици во градот“.

Секоја година се повеќе торнада ја погодуваат Холандија, но последното со фатални последици се случи во 1992 година.

27.06.2022 - 20:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа