ВИДЕО: Баба Мара од Битола наполни 90 години - нејзините сакани внуци ѝ приредија изненадување

Битолчанецот Дејан Трајковски често на социјалните мрежи споделува видеа од својата баба Мара.

Она со што изненади последно беше ироденденското изненадување за баба Мара.

Таа годинава наполни 90 години, а нејзините внуци се здружија и одлучија да ја изненадат.

Целата куќа ја украсиле со балони и роденденски детали.

„Фала Богу уште сум здрава, права. Да беа децата тука ќе бев уште порадосна.“ – вели баба Мара во видеото објавено на Црно-бело, со чашка црвено вино во рака.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа