ВИДЕО: Акција на македонската полиција - вчера пишувале по 1 казна на секои 2 минути

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 668 возачи. Од нив 111 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 11 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 253 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 415 надвор од населено место - информира полицијата.
Пресметките покажуваат дека вчера полицијата во просек пишувала по речи си 28 казни на секој час или по една казна на секои 2 минути

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.“ - велат од МВР

09.12.2021 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа