Весна Бејби Петрушевска со емотивна поддршка за Милена Радуловиќ:Педофилот нема професија

Скандалот во Србија во кој младата актерка Милена Радуловиќ (26) објави дека била силувана од сопственик на угледно училиште за глума, Мирослав Мика Алексиќ, нешто што им се случувало и на други девојки, меѓу кои и малолетнички, не стивнуваат реакциите во целиот регион

Меѓу бројните реакции со поодршка за Радуловиќ и осуда за сторителот на сексуалното насилство се огласи и македонската актерка Весна Бејби Петрушевска, која цврсто застана во заштита на младата српска актерка.

„Милена има 26 години, глумица е (патем одлична ) со својата изјава дека била сексуално злоставувана од својот учител по глума е повеќе од храбар чекор. Доста со глупавите прашања: Зошто сега? Само жртвата има права да одмолчи! Само жртвата има право да одлучи кога ќе сака да каже! Приказната е монструозна и со длабоки и немерливи последици. На крајот, Милена е извонредно општествено одговорна личност. Нема компромис за предатори, дали тој бил учител по глума (што ја прави оваа околност многу страшна затоа што децата сонуваат и учат на актерска игра) или било која друга професија. Педофилот нема професија. Изопаченоста и нивната потреба да се задоволат сексуално е посилна од макар малата помисла на нивните жртви кои во голем процент завршуваат со самоубиства. Тоа се бројките! Во животот на жртвата се преплетуваат несигурност, недоверба, секогаш се сомничави дали се доволно добри, преземаат улога на виновни (знаејќи дека не се)… ниту една жртва на педофил не е виновна, тој само ја искористува својата предност. Браво за @mileena_radulovic и за овие работи треба гласно да се зборува и кај нас. Не пукнавте со наслови (читај интервјуа) за полусветови! #stoppedofilia “– напиша Петрушевска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2021 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа