Веља Невоља брутално ги казнувал и неговите „војници“- откриени морничави детали за куќата во Ритопек

Веjко Беливук, познат како Веља Невоља, наводно не се двоумел да ги убие своите луѓе ако му замерат или ако направат грешка!

Така минатата година, според неофицијални информации, тој решил да ликвидира двајца свои „војници“ затоа што заборавиле да ги исклучат мобилните телефони додека превезувале делови од телото од „куќата на ужасот“ во Ритопек до Дунав, каде ги фрлиле во реката.

Дури и неколку најблиски соработници на Беливук побарле од него да ги ликвидира двајцата, но Вејко се откажал во последен момент. Наместо да ги убие, тој брутално ги мачел и ги тепал.

Откриени се неверојатни детали за злосторствата на кланот Беливук кога во последните два месеци неколку поранешни „војници“ на Веља Невоља решија да проговорат. Тие сфатија дека Беливук, но и неговата десна рака, Марко Миjковиќ Месар и уште неколкумина најистакнати членови на бандата ќе бидат затворени со децении, па затоа се обидуваа да добијат поблаги казни за себе соработувајќи со полицијата.

- Овие нови сведоци открија кој е убиен на повеќе локации во Србија и каде сите жртви биле мачени и касапени. Меѓу другото, откриен е специјален бункер, таканаречена кланица во една штала во Ритопек, каде што луѓето биле мачени и убивани, а телата потоа биле сечени на делови, мелени во мелница за месо или фрлени во блискиот Дунав - објаснува извор од истрагата.

Според него, еден сведок опишал и како двајца војници на Беливук сза малку ќе плателе со глава затоа што заборавиле да ги исклучат мобилните телефони додека носеле делови од телото до Дунав.

- Беливук збесна кога слушна дека им се вклучени телефоните затоа што полицијата може да ги следи и да ги фати на дело додека фрлале делови од телото во реката. Веља викаше дека се „глупави  и дека скоро го предадоа“. Неколкумина негови најблиски соработници го советуваа да ги убие двајцата веднаш, но Беливук, кога се смири, реши само да им одржи лекција. Потоа брутално ги тепаше и понижуваше пред другите членови на бандата - изјави извор од истрагата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.05.2021 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега