Утре нè очекува топло време, а од среда ќе има засилен ветер и пониски температури

Во Скопје времето е сончево и топло сo слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи до 30-тиот степен.

Утре ќе се задржи топло време, а кон крајот на денот ќе има изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Утринските температури ќе се движат од седум до 13 степени, додека дневните температури ќе достигнат до 32-от степен. Во Скопје и околината температурата ќе се движи од 11 до 31 степен.

Во среда ќе има зголемена облачност и локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни. Од среда до петок ќе дува засилен до силен северен ветер и дневните температури ќе бидат пониски за 3 до 6 степени. 

16.05.2022 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа