Уште една пеколна ноќ во Родос - 266 пожарникари се борат со огнената стихија

 

На Родос се очекува уште една кошмарна ноќ, а борбата на пожарникарите продолжува без престан.

Како што соопшти претходно противпожарната служба, пожарот се движи од Вати кон Генади, и според последните информации на локалните медиуми густ црн облак од чад го прекрил грчкиот остров.

266 пожарникари со 16 единици и 55 возила се обидуваат да го изгаснат пожарот, заедно со голем број волонтери и сите агенции за Цивилна заштита.

„Се бориме да го спречиме пожарот да стигне до Генади“, изјави за „Прототема“ волонтер кој сакаше да остане анонимен и кој учествува во гаснењето на пожарот.

Во областа дува силен ветер, што дополнително ја отежнува работата на копнените сили, бидејќи се создаваат нови пожари, со ширење на огнот.

Според сателитски снимки од вселенската програма на ЕУ Коперник, обемот на штетата од шумскиот пожар во Родос е огромен, со уништени повеќе од 140.000 хектари.

25.07.2023 - 22:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега