Украдени 16 уметнички слики од книжарница во Скопје

Р.П. од Скопје пријавил во полиција дека вчера и денеска му биле украдени 16 уметнички слики.

МВР информира дека во периодот од 16.00 часот на 25.06.2022 до 23.55 часот на 26.06.2022 во негова книжарница на ул.„Ѓуро Стругар“ во Скопје било влезено со употреба на сила и подесен алат и биле одземени шест уметнички слики. Исто така, денеска (27.06.2022) во 12.00 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во истата книжарница денеска повторно било влезено со употреба на сила и подесен алат и биле одземени уште 10 уметнички слики.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.  

27.06.2022 - 16:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега