УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“

 

Управата за јавни приходи известува дека се врши прилагодување и ажурирање на апликација МојДДВ

„Додека трае ажурирањето и прилагодувањето граѓаните за да ги скенираат фискалните сметки, потребно е во мобилната апликација во делот ,,ПРОФИЛ,, во прозорчето  ,,Тип на баркод скенер,, каде што сега стои ,,Напреден,, да ја изберат опцијата ,,Основен,,. Фискалните сметки кои неможе да се скенираат  преку опцијата ,,Основен,,, може да се скенираат на киосците и бар код читачите што се поставени во просториите на Управата за јавни приходи“, соопштија од УЈП.

УЈП ќе ги извести граѓаните повторно кога во ,,Тип на баркод скенер,, да ја изберат  опцијата ,,Напреден,,  при скенирање на фискалните сметки .

21.07.2022 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега