Ученик им се заканувал на соучениците во Босна: „Дојдете утре пред училиште, ќе ви покажам како се пука“
Ученик од Основното училиште „Солина“ во Тузла се заканувал на друг ученик, а во преписката било споменато и употреба на огнено оружје, поради што управата на училиштето веднаш реагирала и ја известила полицијата.
Нивната кореспонденција се појави на социјалните мрежи:
– Дојдете утре пред училиште во 11:20 часот, ќе ви покажам како се пука – рекол ученикот кога бил испровоциран, „дека веројатно никогаш во животот не видел пиштол, а камоли да знае да пука“ – пренесува Аваз.
Останатите го следеле примерот, велејќи дека „не сакале да губат време на личност која лаже“.
Директорката на ОУ „Солина“ Белма Смајиќ во саботата го пријавила случајот во полиција, а припадници на полицијата вчера биле во училиштето и разговарале со родителите.
За случајот бил информиран и дежурниот кантонален обвинител.
– Полициската управа на Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла, како дел од своите редовни обврски и задачи, спроведува мерки за сузбивање и спречување на малолетничката деликвенција- изјавија од полицијата
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа