Уапсена жена осомничена за писмото со отров до Белата куќа

Американската полиција уапси жена под сомнение дека го испратила писмото до Белата куќа со смртоносниот отров рицин, соопштија властите. Според тамошните медиуми, таа била уапсена на граничен премин во сојузната држава Њујорк, при обид за влез во Канада.

 

Канцеларијата на ФБИ во Вашингтон соопшти дека е „уапсено лице кое наводно е одговорно за испраќање на сомнителното писмо”, пренесуваат британските медиуми. Извор од безбедносните служби, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека е уапсената жена е канадска државјанка.

Кралската канадска коњаничка полиција (РЦМП) во саботата соопшти дека добила барање од ФБИ за асистенција во истрагата и дека се чини дека писмото е испратено од Канада. Писмото во саботата било пресретнето во последниот владин центар за надворешни пратки, со што било спречено да стигне до Белата куќа. Слични писма биле испратени до органите на прогонот во Тексас, вклучувајќи еден затвор и канцеларија на шериф.

Истражителите соопштија дека не е утврдена врска меѓу писмото со отров и меѓународни терористички организации. Рицинот природно се наоѓа во рицинусовото зрно и со посебен процес се претвора во биолошко оружје. Рицинот може да предизвика смрт во рок од 36 до 72 часа по изложување на количество поголемо од глава на чиода. Експертите наведуваат дека не постои познат противотров.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.09.2020 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега