Уапсена скопјанка - ограбила стружанец во тоалет во ресторан

Скопјанка била уапсена откако извршила кражба во угостителски објект во Скопје.

 

-Полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Аеродром и Драчево ја лишија од слобода 31-годишната Д.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение дека на 27.09.2020 во 20:00 часот во угостителски објект на ул. „Иван Хаџиниколов“ во Скопје украла пари од Н.Р.(48) од село Мороишта, струшко. Според пријавеното, во наведеното време таа во тоалетот на угостителскиот објект од Н.Р. одзела 500 евра и 3000 денари. Набргу потоа, по преземени мерки, Д.С. била пронајдена и кај неа биле пронајдени парите. Таа била лишена од слобода и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.09.2020 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега