Уапсен скопјанец: Криумчарел мигранти од Куба, меѓу нив и еден малолетник

Вчера вечерта е уапсен скопјанец, кој криумчарел мигранти од Куба, а надлежните информираат дека меѓу нив имало и малолетник

„На 13.10.2021 околу 20.00 часот на влезот за с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ го лишиле од слобода З.Љ.(42) од Скопје. При контрола во возилото „пежо“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени три лица мигранти од Куба – Л.М.Л.(39), Р.Р.Д.(31) и еден малолетник.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а мигрантите биле спроведени во Прифатно- транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија“-информираат надлежните.

Виновникот З.Љ. бил приведен и предаден во Полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

 

14.10.2021 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа