Туристите заразени од коронавирус во Црна Гора ќе бидат третирани на трошок на државата

Во пресрет на туристичката сезона во Црна Гора здравствените протоколи се финализирани, а Владата донесе одлука за обезбедување болничко лекување на странските туристи што ќе се разболат од Ковид-19 за време на престојот во таа земја да се лекуваат на трошок на Црна Гора.

Министерката за здравство, Јелена Боровиниќ-Бојовиќ, рече дека се обиделе да го поедностават протоколот и дека на туристите ќе им биде објаснето како да се однесуваат ако почувствуваат симптоми на Ковид-19 или доколку се заразат од коронавирус, пренесува „Вјести“.

„Владата донесе одлука туристите што ќе се разболат од Ковид-19 за време на престојот во Црна Гора и ќе бидат хоспитализирани да бидат лекувани на сметка на државата“, рече таа.

ПЦР-тестот, во случај да им треба на туристите за враќање во матичната земја, ќе се изврши непречено во Црна Гора на два паралелни начина – едниот ќе биде организиран со помош на Институтот за јавно здравје на Црна Гора и ќе се изведува бесплатно, а туристите ќе имаат можност да прават тестови и во приватни лаборатории, додаде министерот.

Сите хотелиери ќе треба да одвојат 10 проценти од своите сместувачки капацитети за можни случаи на Ковид-19, најавија официјалните власти.

Мерката за влез во Црна Гора без тест за граѓаните на Србија, Хрватска, БиХ, Русија, Белорусија, Украина и Албанија останува во сила.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2021 - 22:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега