Трик кој стана хит во целата планета - како да заштедите 5.000 евра за една година

Ако се прашувате како да имате повеќе пари во 2021, ви претставуваме еден трик по кој полуди целата планета.

Се вика „предизвик со 100 пликоа“, но не грижете се, не морате веднаш да одите и да купите стотици, може да ви послужат и 100 листови хартија.

Предупредување: ова не е метод за луѓе што очекуваат да им паднат пари од небо. Парите што ќе ги заштедите се ваши, заработени, што значи дека ќе мора да му одолеете на поривот да ги потрошите на нешто друго во текот на 2021 година, бидејќи секој поголем трошок ќе биде сериозен удар за заштедата.

Па, за што се работи? Напишете на пликоа или на листови бројки, од еден до сто.

Одберете еден ден во неделата и секоја недела извлекувајте по две пликоа. Износот што го пишува на нив, мора да го претворите во евра, да ги соберете и да ги тргнете на страна.

Пред да си кажете „од каде да најдам 100 евра одеднаш за да ги ставам во пликот ако го извлечам бројот 100“, запомнете дека некогаш можеби ќе ги извлечете бројките 3 и 12. И таа недела ќе морате да тргнете на страна само 15 евра.

Па следната недела ако извлечете 1 и 20, тогаш ќе тргнете 21 евро на страна.

Секако, во некој момент ќе дојдете до покрупни бројки и тогаш на сила мораат да стапат вашата волја и снаодливост.

Добро размислете: на што фрлате пари? И каде би можеле да заштедите? Дејв Ремзи, човекот што го смислил овој метод вели дека голема промена во неговиот живот направило откритието дека постојат работи што може да ги продаде. Тоа се оние работи што мислел дека му се потребни, а всушност само му собирале прашина по дома.

Размислете што би можеле да му ги продадете на некој познаник или преку Интернет. Некој можеби е подготвен да плати големи пари за вашиот стар телефон, некое парче мебел или слично.

Пари што потоа ќе ги ставите во едно од пликоата

Ако се придржувате до овој метод и секоја недела го издвојувате износот од извлечените пликоа, на крајот од целиот циклус ќе имате 5.050 евра. Ако сакате да пробате „поблага“ варијанта, преполовете го износот и напишете бројки од 1 до 50. Така предизвикот ќе трае помалку од пола година, а ќе имате 1.275 евра кога ќе завршите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2021 - 08:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега