Три земјотреси ја погодија Србија во текот на ноќта, се тресеше и во Косово

 

 

Земјотрес утрово повторно ја погоди Србија, а како што е наведено на веб-страницата на Сеизмолошкиот завод на Србија, се стресоа Крушевац и Крагуевац.

Најсилниот бил синоќа во Крагуевац, со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот се случил во 19 часот и 25 минути, јавуваат српските медиуми.

Потресите продолжиле и во текот на ноќта, кога околу 02:30 часот со јачина од 1,6 степени по Рихтер повторно го погоди Крагуевац, а нешто посилно беше погоден и Крушевац утрово околу 6:30 часот, со јачина од 1,7 степени на Рихтеровата скала.

Земјотресот имало и во Косово, Косовска Митровица што се случил во два и пол часот по полноќ, со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала.

Надлежните ги советуваат граѓаните да не паничат, да не се обидуваат да побегнат, туку да се симнат на подот, да се засолнат и да ги заштитат главите.

„Доколку сте внатре во куќата за време на земјотрес, неопходно е да најдете засолниште на безбедни места, како што се рамки на вратите, носечки ѕидови, место под маса, цврст мебел. Треба да ги покриете лицето и главата со рацете и да се скриете во аголот на внатрешните ѕидови на собата. Треба да останете таму додека трае земјотресот“, се наведува во препораките.

12.07.2023 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега