Тренчевска: Никогаш досега за две години не беа зголемени пензиите за 30 отсто како сега

„И оваа година во декември 2023 обезбеден е пакет финансиска подршка за пензионерите со пензија до 19 000 денари и најмногу е оделена за оние со најниски пензии, до 14 000, по 3000 денари во наредните 5 месеци“, рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на трибина на Сојузот на борците, по повод 80 години од ослободувањето на градовите.

„Пред новогодишните празници едната рата беше исплатена, сега за една недела ќе биде испратена и втората, на 24 јануари, така што во наредните месеци сите пензионери кои што влегуваат во оваа категорија на граѓани ке имаат повеќе финансиски средства“, посочи Тренчевска.

Како што истакна, ако се види колку се зголемила пензијата со години наназад и колку се зголемила од воспоставувањето на  методологијата на Владата ќе се види дека навистина има едно системско решение коешто дава и на краток рок резултати меѓутоа многу повеќе дава на среден и на долг рок.

„Март доаѓа, ќе имаме повторно покачување на пензиите, ќе имаме двапати годишно покачување и никогаш досега во историјата на државата за две години не беа зголемени пензиите за 30 отсто. Како што растат трошоците за живот така ќе растат и пензиите“, заврши Тренчевска.

18.01.2024 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега