Трамп има необична фобија: Легнал на подот, мислел дека ќе го преполоват

 

Актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, иако често се претставува себеси како бестрашен, има неколку фобии, откри во колумната професорот Џо Голдблат.

Претходно, американските медиуми известуваа за неговиот страв од ајкули и микроби, а сега се дозна и за неговата најнеобична фобија.

Во статија за порталот Скотсман, Голдблат пишува дека неговата компанија соработувала со Трамп во 90-тите години на минатиот век.Тој бизнис, на крајот, пропадна, но оваа чудна приказна се роди од неа.

Додека омилената песна на Трамп „Окото на тигарот“ одела во позадина, зелени ласерски зраци ја покриле просторијата. Меѓутоа, Трамп падна на колена во страв дека ласерите ќе го пресечат на половина.

„Во ред е, стани, заврши го говорот“, му рекол Голдблат, по што Трамп, иако очигледно беше испаничен, одржал еден од вообичаените говори.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.11.2020 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега