Трајановски: Жал ми е што не успеав во мое време да го вратам животот на езерото Треска

Не е вистина дека Градот донел одлука да го отстапи езерото Треска на владение на Општина Сарај. Тоа го направи Владата, а јас како градоначалник бев против, вели во изјава за „Слободен печат“ поранешниот градоначалник Коце Трајановски.

 

Ваквата негова реакција доаѓа изјавата на актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов дека Градот не презема активности за ревитализација на езерото Tреска, затоа што надлежностите не се во Градот, туку во Општина Сарај, а за тоа го обвини неговиот претходник, Трајановски. Според Шилегов, причината зошто ова ветување од неговата изборна програма останува неисполнето е тоа што Трајановски на Општина Сарај и ги дал ингеренциите за управување со спортско-рекреативниот центар.

– Тоа не е вистина. Тоа го направи владата, а јас како градоначалник бев против. Тоа е исто како Зоолошка градина да му се одземе на Градот и да му се даде на Општина Центар, бидејќи територијално се наоѓа во општината. Сепак, одлуката беше донесена, а општината се обврза да раководи со езерото според студијата за ревитализација која ја направивме ние, објаснува Трајановски за „Слободен печат“.

– Уште кога станав градоначалник во 2009 една од планираните активности беше ревитализација на езерото Треска. Планирани беа 10 милиони денари. Почнавме со ревитализација, ја испуштивме водата, го исчистивме талогот, го саниравме коритото, но проблем беше да донесеме вода, сакавме од реката Треска да донесеме вода, но дознавме дека во цевководот што го изградил Ристо Пенов се влевале фекалии. Ја испитавме водата од реката Треска и според направените анализи истата беше неисправна за капење. Потоа пуштивме екипи до изворите на Треска и констатиравме дека некоја локална депонија од Кичево и фабриката во Самоков ја загадуваат водата.Се обидовме да копаме бунари но таа варијанта беше многу скапа. Се обидовме на сите начини, но не успеавме да добиме вода за капење, објаснува Трајановски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2021 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа