Трагичен крај: Пронајдено телото на Јована која се удави на Ѓурѓовден во езеро кај Крагуевац

Телото на 22-годишната Јована Ѓ. која се удави во четвртокот попладнето во Крагуевац.

До несреќата дошло откако девојката била на даска за сурфање на средина на езерото со пријателите.

Таа со другарот и другарката од гумен чамец преминала на даската. Била непливач и не успеала да се нсајде кога случајно паднала во водата. Не знаела да плива, сите ѝ велеле да се фати за даската, но таа се фаќала за другарот кој се обидувал да ја спаси. Бил во вода покрај неа, а таа рефлексно почнала да го дави.

Момчето и девојката кои биле покрај неа успеале да испливаат, но Јована немала среќа.

-Ги видов, Викаа, бараа помош, сакав да им помогнам, но беа далеку од крајбрежјето. На останатите им помогнав да излезат, но Јована се удави - објаснил Александар Алемпијевиќ, очевидец кој случајно се нашол таму.

Пријателите на Јована тврдат дека се удавила и дека станува збор за несреќен случај. Сите биле шокирани. Отишле да поминат сончев Ѓурѓовден и не ни помислувале дека ќе се случи трагедија. Отпловиле со гумен чамец. Дел од групата останал на чамецот, а Јована и двајцата пријатели плутале на кобната даска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.05.2021 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа