Трагедија во Скопје: Прегазена скојанка им подлегна на повредите

 

Скопјанка им подлегнала на повредите откако била прегазена од автомобил во Скопје, информира МВР.

- На 26.11.2020 во 09:0 часот во СВР Скопје, С.Б. пријавил дека на ул.„Босна и Херцеговина“ во круг на фирма во Скопје патничко моторно возило „нисан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 35-годишната Т.Ч. од село Побожје, удрило во 63-годишната С.С. од Скопје, која со возило на итна медицинска помош е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде и се констатирани тешки телесни повреди, по што подоцна подлегнала на повредите. За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, соопшти полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2020 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега