Трагедија на автопатот Куманово-Скопје: Загина 25-годишно момче

Младо момче загина во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Куманово, информира МВР.

- На 04.12.2020 во 23:30 часот било пријавено дека на автопатот Куманово-Скопје, кај село Агино Село, патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот С.Т. од село Агино Село, излетало од патот. По незгодата, возачот и сопатниците биле пренесени Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде кај  С.Т. била констатирана смрт, а кај сопатниците Ж.Ѓ. Ф.Д. и Б.А., биле констатирани телесни повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово, соопшти полицијата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2020 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега