Том Круз доби позитивни коментари за своето лице

 

Том Круз беше забележан додека излегува од хотелoт „Дорчестер“ во Лондон во вторникот вечерта, а неговиот изглед привлече внимание кај фановите.

 
Актерот на себе има црна светкава маица и црни свечени панталони. Изгледа како да е подготвен да слави – и така треба.

Новиот филм „Топ ган: Маверик“ штотуку достигна нова пресвртница, заработувајќи повеќе од 600 милиони долари на меѓународните благајни. Вкупната сума на продолжението на некогашниот блокбастер надмина 1,2 милијарда долари во светски рамки, што го прави филм на „Парамаунт пикчрс“ со најголема заработка на глобално ниво досега.

Најновите фотографии го привлекоа вниманието на фановите поради ликот на актерот, особено откако во октомври минатата година ги загрижи со неговиот изглед на натпревар во Сан Франциско. Корисниците на Твитер коментираа дека лицето му е отечено и се прашуваа што се случило со актерот.

Пластичниот хирург Нејла Раја тогаш изјави за „Дејли мејл“: „Се чини дека Том претерал со инјекции против брчки и со филери, што всушност негативно влијае на неговиот изглед. Без внимателно разгледување на структурата на лицето на пациентот, резултатот од процедурата може да биде искривен и неприроден изглед на лицето“.

А во средата, фановите забележаа дека Том сега изгледа многу подобро.

 

21.07.2022 - 23:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега