Тој е 31 година постар од неа, но лесно се прилагодува на нејзините потреби - парот ги украде сите погледи на плажа

Винсент Касел и Тина Кунаки живеат во Рио де Жанеиро каде што деновите најчесто ги поминуваат на плажа и често споделуваат заеднички фотографии на социјалната мрежа Инстаграм, а во брак се од 2018 година и имаат двегодишна ќерка - Амазони.

Винсент и неговата прекрасна 31 година помлада сопруга Тина, на плажите привлекуваат големо внимание.

Актерот и манекенката создале заеднички дом во Рио де Жанеиро и се гледа дека животот им годи.

Тие вчера биле забележани на плажа додека се обидувале да направат добра селфи фотографија...

Тие седеле, а манекенката ги крадела погледите во црвеното бикини кое што ги истакнувало сите нејзини облини, бујното деколте и виткото тело. Но, и актерот го покажал своето торзо со кое што може да влезе во конкуренција со поголем дел од своите помлади колеги, а го покажал и своето лице кое што природно старее, но сепак не ги издава неговите години.

Инаку, парот е во брак од 2018 година и имаат двегодишна ќерка. Винсент со Тина ја потврди врската во 2016 година.

Без оглед на тоа што многумина не им предвидувале долга врска, сепак Касел и Кунаки изгледаат позаљубено од кога и да е.

Винсент ја пронашол утехата во Тина по брачниот бродолом со една од најубавите жени на светот, Моника Белучи, со која што во текот на бракот добил две ќерки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.05.2021 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа