Тлото во Грција не мирува- По разорниот земјотрес од урнатините спасен маж

Маж (80) бил спасен од урнатините на неговиот дом каде, по силниот земјотрес што ја погоди Грција денес, падна ѕид.

Ѕидот се срушил во куќата во Месохори во близина на Еласона, каде што беше епицентарот на земјотресот со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала.

Според грчките медиуми, неговата сопруга успеала да се спаси и да добие помош. Пожарникарите веднаш излегле на лице место и го извлекле човекот, кој имал потешкотии со движењето. Според првите информации, тој не бил сериозно повреден.

Спасувачките екипи сè уште се на теренот околу Лариса. Досега не пристигнаа информации дека земјотресот предизвикал голема материјална штета.

 

Од 11 часот и 16 минути кога беше првичниот земјотрес забележани се десетици земјотреси, а 14 од нив беа над 4.0 степени според Рихтер, односно со голема магнитуда, а најсилниот беше токму овој од 5.6 степени.

По иницијалниот земјотрес, се верува дека овие земјотреси се афтершокови, односно дека се активирани поради поместувањето на земјиштето од првиот разорен земјотрес.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега