Тлото продолжува да се тресе - нов земјотрес ја погоди Света Гора

Земјотрес со јачина од 4,7 степени ја потресе Света Гора, соопшти денеска грчкиот Геодинамитски институт.

Земјотресот се почувствувал во 07:12 часот по локално време, со епицентар во море, 23 километри од крајбрежјето на Атос и 225 километри од Атина, пренесува АН.

Тој е најнов во низата земјотреси кој од саботата го тресат полуостровот, од кои најсилниот беше 5,2 степени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.09.2020 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа