Тешка сообраќајка спроти Сити Мол - автомобил превртен на кров

Пред некоја минута се случила тешка сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански одреди“ спроти трговскиот центар „Сити Мол“, објави „Скопје инфо“.

Во сообраќајката учествувале два автомобила. Она што може да се види на фотографиите објавени на „Скопје инфо“, еден од автомобилите е превртен на кров.. Од превртениот автомобил биле извадени двајца живи патници. 

Екипи на МВР и Брза помош се на терен. 

Фотографиите од местото на настанот погледнете ги ОВДЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2020 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа