Тешка сообраќајка на патот Прилеп – Крушево, 22-годишник тешко повреден откако излетал од патот

22-годишник од селото Голно Коњари е тешко повреден откако синоќа околу 01:00 часот излетал од патот Прилеп – Крушево.

-Синоќа во 01.10 часот на регионалниот пат Прилеп-Крушево, Х.К.(22) од с.Големо Коњари, прилепско, управувајќи патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото иизлетал од патот. Во незгодата Х.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Прилеп, појаснуваат од полицијата.

Увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Прилеп.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.11.2020 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега