Тешка сообраќајка ја потресе Македонија: Загина велосипедист

 


Вчера во 15.30 часот во СВР Тетово, било пријавено дека на улица „Љубо Божиновски Пиш“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Голф“  со тетовски регистерски таблици управувано од Т.И.(42) од Тетово, кое удрило во велосипед управуван од С.С.(68) од Тетово.

Во незгодата С.С. се здобил тешки телесни повреди се констатирани во Клиничка болница Тетово. Истиот е префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што им подлегнал на повредите и починал.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово, а за настанот е известен Јавен обвинител при ОЈО Тетово.

19.07.2025 - 14:10

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега