Тешка несреќа - автомобил излета од патот кај скопска обиколница

Две лица се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која се случила во Скопје.

„На 14.10.2021 во 15:00 часот на автопат  „Мајка Тереза“ - обиколница на Град Скопје, во близина на клучка Смилковци, 38-годишниот З.Д. од село Мојанци, скопско, управувајќи патничко возило „сеат алтеа“, со скопски регистарски ознаки, излетал од коловозот. Во несреќата, 46-годишниот сопатникот Н.А. од село Арачиново се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот З.Д. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје“, информира МВР.

15.10.2021 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега