Светски фудбалер со балкански корени- можете ли да погодите за кого се работи (ФОТО)

Златан Ибрахимовиќ можеби има 39 години, но тој на теренот не престанува да ги воодушевува љубителите на фудбалот бидејќи и понатаму брилира во дресот на Милан.

Сега на социјалните мрежи ги воодушеви и неговите навивачи од овие простори. 

Ибрахимовиќ на Твитер објавил фотографија од детството на која се гледа тој заедно со неговиот дедо. Фотографијата е опишана со два збора – „Балкански корени“ со која Златан се присетил на периодот кој го поминувал во овие краеви.

Популарниот „Ибра“ е роден во Малме во 1981 година, но има потекло од Босна и Херцеговина. Неговиот татко Шефиќ Ибрахимовиќ е од Бјелина, додека неговата мајка Јурка Гравиќ e од мало село близу Задар, Хрватска.

Златан на фотографијата го има својот вообичаен пркосен став, а јасно е дека не заборава од каде потекнува.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.11.2020 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега