Светот згорзен: „Сакам да умрам, не сакам да се вратам кај родителите“- Седумгодишно девојче малтретирано, тепано и сексуално злоставувано

Во неколку извештаи, тие го нарекуваат „Јаз“. Никој не знае дали ова е вистинското име на седумгодишно девојче и не е важно, затоа што тоа што Јаз им го кажа на лекарите во Мексико е точно. Јавниот обвинител е сигурен во тоа.

Овој случај на злоупотреба на деца ги разбесни луѓето ширум светот! Малта Јаз им рекола на лекарите во мексиканската клиника: „Сакам да умрам ... Не сакам да се вратам кај родителите. Тие постојано ме удираат “.  Тоа се случи на 21-ви август. Јаз била примена на клиника во градот Пуебла (југоисточен Мексико) со многу сериозни повреди. Внатрешно крварење, повреда на белите дробови и изгореници на грбот.

На рацете на Јаз имало  траги од угасени цигари. На телото на детето се појавиле и знаци на сексуална злоупотреба. За среќа, родителите монструми сега се во притвор! Според обвинителите, Рафаел Н. и Алехандра Виридијана Н. се осомничени за повредите на нивната ќерка.

Се наведува дека чичкото на девојчето сексуално го нападнал детето. Сето ова се случило кога сосед на семејството бил сведок на бруталноста, го  зел детето и го однел во болница, каде сега се лекува повеќе од еден месец . Полека добива доверба во луѓето. За време на истрагата, се покажа дека детето претходно била злоупотребувано најмалку три пати.

Таа дошла на клиниката со посекотини, но дури сега властите интервенирале. Наводно, сега родителите се обвинуваат едни со други.

Се наведува дека во јуни помладата сестра на Јаз (3) се задушила под мистериозни околности. Дали родителите го убиле најмалото дете се уште не е јасно и овој случај сега се разгледува. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.09.2020 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега