Судот му предложи притвор од 30 дена, а Навални повика на протест: Не плашете се, излезете на улица (ВИДЕО)

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални повика во видео запис Русите да излезат на улица во знак на протест за начинот на кој се третираат, откако судијата му одреди притвор во траење од 30 дена.

"Не плашете се, излезете на улица. Не излегувајте за мене, излезете за себе и за својата иднина", рече Навални на видеото објавено на ЈуТјуб.

Судот во Москва му одреди мерка притвор на Навални до 15 февруари, изјави претходно денеска адвокатот Вадим Кобзев.

Распитот на Алексеј Навални, главниот опозиционер и критичар на Кремљ, започна денес во 10.30 часот (12.30 часот по московско време) во градот Химки, близу Москва, објави на Твитер портпаролот на судот, Кира Јармус.

Рускиот суд побара од судот да го задржи во притвор во траење од 30 дена, објави Ројтерс повикувајќи се на извори на Интерфакс.

 Пред да се појави пред судијата, Навални рече дека претседателот на Русија, Владимир Путин, „го фрли кривичниот закон низ прозорецот“.

Западните земји ја повикаа Русија веднаш да го ослободи Навални, кој беше уапсен во неделата вечерта на московскиот аеродром по враќањето од лекувањето во Берлин, каде закрепнуваше од наводно труење со нервниот агенс „почетник“.

Навални го нарече испрашувањето „најголем степен на беззаконие“, во првите коментари откако беше затворен и се обрати на видео на Твитер, кое го објави неговата портпаролка.

Канцеларијата на Обединетите нации за човекови права денеска повика на итно ослободување на Алексеј Навални.

„Длабоко сме погодени од апсењето на Алексеј Навални и бараме негово итно ослободување и почитување на неговите права во согласност со владеењето на правото“, објави канцеларијата за човекови права на ООН со седиште во Женева.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2021 - 16:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега