Судир меѓу мотор и автомобил на Џон Кенеди, две лица се повредени

 

Вчера пред маркет на улицата Џон Кенеди се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Џ.А.(33) од Скопје, и моторцикл „крос“, управуван од Б.А.(22) од Скопје.

По несреќата Б.А. е пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди, а на малолетен сопатник од Скопје во патничкото моторно возило „опел корса“ во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ од лекар му биле констатирани телесни повреди, соопшти МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

01.10.2022 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа