Студен туш за Трамп: Американските царини на кинеската стока се прогласени за незаконски!

Одборот за решавање на спорови при Светската трговска организација пресуди против најголемиот дел од царините кои Соединетите Американски Држави ги воведоа на стоката од Кина.

Светската трговска организација ѝ зададе голем удар на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пресудувајќи дека воведувањето на американските царини на кинеската стока на почетокот на трговската војна на двете велесили било незаконско.

Одборот соопшти дека мерките на САД ги прекршуваат клучните принципи на меѓународната трговија, а се однесува на првата серија на царини кои САД ги воведоа на кинеската стока вредна околу 250 милијарди долари.

Реагирајќи на одлуката на Светската трговска организација, администрацијата на Трамп оцени дека организација е „целосно неадекватна“ да се пресмета со кинеските трговски пракси кои ги смета за нечесни. Поради тоа Вашингтон воведе дополнителни санкции на кинеската стока.

Претставникот на американското министерство за трговија, Роберт Лајтхајзер порача дека на Соединетите Американски Држави мора да им биде дозволено да се бранат против нечесните трогвски пракси и Трамп нема да дозволи Кина да ја користи Светската трговска организација за да ги искористи американските работници и компании.

Портпаролот на кинеското министерство за трговија ја поздрави пресудата која ја оцени како „објективна и фер“. Тој изјави дека Кина се надева дека САД целосно ќе ја уважат одлуката на Светската трговска организација.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2020 - 09:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега