Струмичанец претепан бидејќи се декларира како Бугарин: Без никаква напомена, на некаков ненормален начин бев нападнат“

Струмичанецот Митко Ѓоргиев од Струмица за Сител изјави дека бил физички нападнат само затоа што се декларира како Бугарин. Нападот се случил пред неколку дена од во центарот на Струмица, а причина за нападот како шпто вели е само неговата националност.

„Јас по националност сум Бугарин, но сум еден лојален граѓанин на Република Македонија. На мене татковина ми е тоа и затоа се чудам како може 21 век, во држава каде претендираме да станеме членка на европското семејство да бидам нападнат затоа што сум по националност бугарин“вели Митко Ѓорѓиев за Сител.

Додека Митко се движел со неговата сопруга напаѓачите му пришле од зад грб и го наапднале иако претходно немал никаква комуникација, ниту расправија со нив.

 

„Без никаква напомена, додека шеташ по улица, од позади, на некаков ненормален начин, со таква агресија во присуство на сопругата, еден напад во темно, тоа мислам дека е крајност и тоа кажува колку е демократскиот капацитет во оваа држава во сред центар да биде нападнат еден граѓанин на Република Македонија, лојален граѓанин на Република Македонија“, вели Ѓоргиев.

Ѓоргиев нападот го пријавил во полиција, а за случајот ги  известил и бугарската амбасада и конзулатот во Македонија.

Од МВР денеска информираа дека полициската станица Струмица го расчистила случајот. За истиот две лица биле повикани на разговор и против нив ќе биде поднесена пријава за физички напад по член 12 од законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Од таму потенцираат дека МВР презема мерки за расчистувања на сите случаи, без разлика на тоа од која националност се нападнатите или напаѓачите. Додаваат дека законот важи еднакво за сите и се преземаат мерки за расчистување на сите пријавени случаи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2021 - 17:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа