Страшна сообраќајка кај Удово: Загина 33-годишник – тројца повредени

33-годишник загина, а тројца се повредени, од кои едниот потешко во сообраќајна несреќа која вчера се случила на регионалниот пат меѓу селата Јосифово и Удово.

-Изутрината во 03.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат с.Јосифово-с.Удово, на место викано „Расадник“, се случила  сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со валандовски регистарски ознаки, управувано од Т.Г.(33) од с.Удово и патничко возило „рено меган“, со валандовски регистарски ознаки, управувано од З.М.(43) од с.Удово. На местото на незгодата починал Т.Г., додека З.М. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Сопатниците во возилото „ауди“, С.П.(23) и И.Н.(23), двајцата од с.Удово, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Струмица, соопшти МВР.

 Увид на местото извршиле екипа на СВР Струмица и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција. 

31.07.2021 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа