Стопанската комора доби Орден на заслуги од претседателот на државата
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески денеска соопшти дека Комората по повод 100-годишнината од постоењето, добила Oрден на заслуги од претседателот на државата.
Тоа, рече Азески, утрово му го соопштил претседателот Стево Пендаровски.
– Претседателот на државата Стево Пендаровски утрово ме информира дека по повод 100-годишнината од постоењето, Стопанската комора добила Oрден на заслуги што е исклучитено признание за нас. Но, тоа значи и голема обврска за наредниоот период, истакна Азески по средбата во МПЦ-ОА со поглаварот г.г. Стефан.
Азески информира дека на средба со г.г. Стефан, Комората упатила честитки за одлуките на Вселенската патријаршија за прифаќање на МПЦ-ОА во канонско единство и на СПЦ за автокефалност на македoнската црква.
-Признанието дојде во вистински момент од сите православни цркви и Вселенската патријаршија. Имаме два големи повода за две големи инстутиции во ист период, што не прави среќни, рече претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа