Стојаноска: Ова ќе биде криминален попис, во кој ќе се попишуваат сите лица надвор на Македонија како резидентно население

Пописот е обид за манипулација со реалната состојба избегнување и предочување на нашите забелешки, спроведувањето ќе биде лошо и ќе направи карикатура од она што значи вистински спроведен попис, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска на денешната собраниска седница за законот за попис.

Стојаноска посочи дека владеачката структура активностите во врска со пописот ги спроведе во крајно нетранспарентна постапка и без учество на најголемата опозициска партија, за цели кои само владеачката структура си ги знае.

Пратеничката ги наброја дел од забелешките кои не биле прифатени од страна на владеачкото мнозинство, а беа предлог на ВМРО-ДПМНЕ како:

Прво, опфатот на лицата кои ќе биде попишани според овој закон за попис нема да ја даде вистинската слика за резидентно население во Македонија, бидејќи население кое се попишува како резидентно треба да се вообичаените жители во Македонија – рече Стојаноска.

Второ, попишувањето на лицата кои се на привремена работа во странство особено можноста истите да се попишат како електронска апликација, нема да ја даде вистинската слика за лицата кои се надвор од Македонија повеќе од една година, и не спаѓаат во групата резидентно население – објасни Стојаноска.

Стојаноска потенцираше дека на овој начин сите лица кои се надвор од Македонија без разлика колку време се надвор од Македонија, ќе бидат попишувани како резидентно население.

Трето, потребно е додефинирање на податоците кои ќе се обезбедат со пописот. Четврто, со ваквиот закон се дава преголеми овластувања на директорот на Државниот Завод за статистика кој ја носи методологијата и подзаконските акти, а симптоматично е тоа што истите акти треба да ги одобри и заменик директорот – вели Стојаноска.

Забелешките кои ги наброи Стојаноска како недефинирање на документите кои треба да ги приложат лицата кои ќе бидат попишувани, како наведените бази на податоци за кои не е јасно дали истите се ажурирани, не предвиденото пописно истражување на 2% од пописната маса, во законот се споменува државјани, а не лица, што се две различни  категории како замка за да се вметнат лицата кои се надвор од Македонија како резиденти и останати забелешки за кои вели дека отвараат голем сомнеж за веродостојноста на пописот кој власта сака да го спроведе, кој е сам по себе е криминален попис.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2021 - 17:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа