Стоилковски: Истрага и одговорност за скандалот со струшката болница, криминал и политички врски не смеат да бидат поважни од животот

Од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, денес преку новинарско прашање беше побаран коментар за случајот во струшката болница, за одговорност на директорот за компликации кој што не се истражени.

„Скандалозниот случај во струшката болница мора да се истражи веднаш и доколку се утврди вина да се побара одговорност. Но, она кое што загрижува е што случајот е од август месец минатата година и за жал сеуште нема никаква разрешница. Зошто речиси половина година институциите молчат, молчи Министерството за здравство, молчи Државниот инспекторат, молчи министерот Филипче.

Да биде скандалот поголем Државниот санитарен и здравствен  инспекторат одговорноста да го испита овој случај ја префрла во ноември до Министерството за здравство барајќи да се направи стручен надзор за овој случај и  истиот да изготви извештај. Но, за жал немало извештај, што остава сомнеж дека Министерството за здравство и министерот Филипче се обидуваат да го забошотат овој случај и некого да го заштитат од одговорност. Зошто Филипче молчи за скандалозниот случај во струшката болница од август месец и за барањето од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Срамота е, се работи за здравје и живот на граѓаните. Никако не може евентуален криминал, политичка врска или било што да биде поважно од еден човек. Молкот на Филипче го прави тој да биде соучесник“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2021 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега