ССМ: Од 4.30 часот наутро Скопје нема да има јавен превоз

 

Како што претходно беше најавено, така стигна потврда и од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) дека утре нема да има јавен превоз во Скопје.

 

„Вие може политика да терате до сабајле, но сабајле автобуси нема да има. Вам не ви е гајле, вие не се возите со јавен превоз. Овие луѓе имаат деца, гладни се, немаат пари да им дадат за ужинка на училиште. Овде не видовме никој да каже како ќе се реши проблемот и ќе добиеме плата туку нивни партиски и политички препукувања“, рекоа од синдикатите.

Претседателот на синдикатот на ЈСП, Миќо Стојановски им се извини на граѓаните, но смета дека мора да биде решен проблемот.

„Им се извинуваме на граѓаните, но ова мораше да се случи за еднаш засекогаш да го решиме проблемот со редовни плати во ЈСП“, изјави Стојановски.

Синдикалците од јавното претпријатие кои присуствуваа на вонредната седница на Советот на Град Скопје, истакнаа дека советниците и градоначалничката си тераат политика, а не разговараат за нивниот проблем.

19.10.2022 - 20:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега