ССК: Компаниите дишат на „шкрги“, бизнисот страда најмногу во овој момент

 

За да избегнат тотален колапс и целосно затворање, компаниите бараат од Владата да ги активира стоковните резерви и да овозможи средните претпријатија да влезат на регулираниот пазар за електрична енергија. Бизнисот предупредува дека дише „на шкрги“ и се жали дека досегашните мерки за поддршка се главно фокусирани кон домаќинствата и граѓаните.

Како што беше речено во вечерашната дебата на ТВ Телма на која учествуваат претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија Неби Хоџа, Горан Георгиевски од Сојузот на стопански комори и министерот за економија Крешник Бектеши, од три на 11 отсто се зоглемени сите оперативни трошоци на компаниите.

Според министерот Бектеши, засега нема потреба од активирање на резервите, ниту на нафетните, ниту на стоковните, но ако има дополнителни ценовни шокови во делот на инпутите, Владата е подготвена да донесе дополнителни мерки за да го ублажи ударот.

-Фирмите буквално дишат „на шкрги“. Дојдено е време во кое секој се снаоѓа како знае и умее. Бизнисот најмногу страда во овој момент. Немаме каде, се удираме во ѕид, нема егзит варијанта. Прескапи се влезните суровини, 34 денари е килограм брашно или 550 евра тон, а струјата е за 300 отсто повисока од лани. Цената на зејтинот е многу висока како инпут, 50 – 60 денари беше пред една година, а сега е 130 денари, рече Георгиевски.

Според него, ако се активираат стоковните резерви, ќе се овозможи пребродување на кризата со најмалку последици.

13.04.2022 - 20:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега